Бојана Скендеровски - Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Бојана Скендеровски го прослави 42-иот роденден: „Ти благодарам Господе за силата и среќата да ги остварувам соништата“

Македонската пејачка Бојана Скендеровски со емотивна порака го одбележа својот 42. роденден, споделувајќи фотографии на социјалните мрежи на која во елегантен црвен фустан држи роденденска торта со бројот 42. Покрај фотографиите таа сподели и видео со нејзиниот сопруг Васко и синот Ѓорѓи со кои заедно ја испеаа познатата роденденска песна „Среќен роденден“ (Happy birthady).

Во описот на објавата таа напиша: „Ти благодарам Господе што ми даваш простор, сила и среќа да ги остварувам нештата кои ги сакам…“, испраќајќи порака исполнета со благодарност, љубов и позитивна енергија. Следбениците веднаш ја преплавија со честитки и убави желби.

Бојана Скендеровски – Фото: Инстаграм
Бојана Скендеровски – Фото: Инстаграм

Наместо само бројка, 42 за неа изгледа како симбол на зрелост, мир и нова креативна енергија. Со насмевка и благодарност, пејачката уште еднаш потсети дека вистинската убавина не е во годините, туку во храброста да продолжиш да сонуваш – гласно, искрено и без задршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот