Препознајте дали сте во токсична врска со помош на експертката Луана Вард: Овие девет совети се клучни

Instagram
Instagram

Експертката за врски Луана Вард открива девет знаци по кои можете да препознаете дека вашата врска е токсична како и совети што е можно побрзо да излезете од таквата врска.

Партнерот ве контролира

Знак број еден дека сте во токсична врска е ако сте со некој што ве контролира во сè и не ве почитува.

„Внимавајте на мажите кои очекуваат вашиот живот да се врти околу нив“, истакнала Вард.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Louanne Ward (@louanneward)


Постојано ве критикува

Ако вашиот партнер постојано ве критикува, без разлика дали станува збор за вашата облека или како сте постапиле во одредено сценарио, треба да излезете од врската.

„Лошите партнери ќе се фокусираат повеќе на вашите маани отколку на вашите доблести и тоа воопшто не е добро“, истакнала Вард.

Чести озборувања

„Ако личноста со која сте во врска е зависна од драма и многу често сака да озборува, тогаш не треба да бидете со неа“, предупредува Вард.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Louanne Ward (@louanneward)


Бројни нефункционални врски

Ако вашиот партнер имал проблеми во одржувањето на врската во минатото, без разлика дали станува збор за приватен или деловен живот, веројатно има некаков проблем во неговиот карактер.

„Треба да бидете уште позагрижени ако тој секогаш вели дека никогаш не е виновен“, истакнала Вард.

Лаги

Патолошките лажговци не се невообичаени и ќе кажат сè само за да се извлечат од наведената ситуација.

„Дури и ако имате докази што се спротивставуваат на кажаното, патолошкиот лажго сепак ќе лаже за да излезе од одредена ситуација“, истакнала Вард.

Манипулација

„Ако сте со некој што користи манипулативни тактики за да го постигне посакуваниот исход, дури и ако ве повреди при тоа, тогаш веројатно сте во токсична врска“, истакнала Вард.

Луѓето кои се жртви на манипулација, честопати се чувствуваат збунето, вознемирено и неспособно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Louanne Ward (@louanneward)


Изливи на гнев

Дали сте забележале дека вашиот партнер реагира бурно дури и кога станува збор за банална работа? Ако имате чувство дека не можете да го контролирате неговиот темперамент, време е да ја преиспитате вашата врска.

Го крие своето вистинско лице

Ако партнер надвор од домот или во општеството секогаш се однесува поинаку отколку кога е со вас, тоа значи дека тој се преправа дека е некој што не е, и не ви треба такво лице во животот.

„Она што надворешниот свет го гледа во однос на тоа кој е зад затворени врати, никогаш не е исто“, истакнала Вард.

Лажни емоции

Партнер кој не покажува емоции – е доволно добра причина да се стави крај на врската, но што кога имате чувство дека вашиот партнер покажува емоции, но лаже? Ако се сомневате дека вашиот партнер не е искрен со вас, дури и кога станува збор за чувства, тоа е знак дека сте во токсична врска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот