„Премногу си добар за неа“: Ејдан се враќа во продолжение на серијата „Сексот и градот“
Голем дел од странските медиуми наведоа дека актерот Џон Корбет, кој ја толкуваше улогата на Ејдан Шо ќе се појави во втората сезона од продолжението на серијата „Сексот и градот“, „And just like that“. Според „Deadline“, Корбет ќе ја репризира улогата на Ејдан и ќе има значајна улога во втората сезона од серијата.
Препорачано
View this post on Instagram
Засега претставниците на HBO Max и Џон Корбет одбија да ги коментираат овие наводи, а можеме само да претпоставуваме дали големата љубов на Кери Бредшо ќе се појави во серијата и што би можело да се случи овој пат.
View this post on Instagram
Некои од фанови на серијата беа воодушевени, но дел од нив сепак ја примија веста со резерва бидејќи Корбет во април 2021 година изјави за странските медиуми дека ќе биде дел од серијата, но тоа не се случи.
View this post on Instagram
Дел од фановите беа дури и груби и погодуваа што би можело да се случи доколку Ејдан навистина се појави во серијата, коментирајќи дека Кери (Сара Џесика Паркер) ја пропуштила својата шанса, пишува „Independent“.
„Ти си премногу добар за нејзиниот Ејдан“, „Отсекогаш сум го претпочитала Ејдан наместо Ѕверката. Кери не го пропуштај овој пат“ – беа само дел од коментарите од страна на обожавателите на оваа серија кои исамнаа на социјалните мрежи.
View this post on Instagram


