Премиерот Заев и сопругата Зорица на прием кај Трамп и Меланија (ФОТО)

Премиерот Зоран Заев со сопругата присуствуваше на прием кој го организираше американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија, во Њујорк на ГС на ОН.

Тие оваа средба ја овековечија со фотографија, на која можеме да забележиме дека премиерот Заев се одлучил за идентична вратоврска како и претседателот на САД, а неговата сопруга Зорица избрала црна елегантна комбинација.

– Чест и задоволство ни беше со Зорица да присуствуваме на приемот организиран од Претседателот Трамп и првата дама Меланија, во Њујорк за време на ГС на ОН.
Претседателот ни упати порака дека го цени и целосно го поддржува Договорот од Преспа. Чест е да се добие ваква поддршка од врвен лидер и креатор на глобални договори – напиша Заев на фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот