фото: EPA-EFE/ANTONIO PEDRO SANTOS

Премиерлигашките гиганти во трката за потписот на Виктор Ѓекереш

Англиските фудбалски клубови Арсенал и Челси покажуваат интерес за Иктор Ѓекереш кој е подготвен да го игра својот последен лигашки меч за Спортинг денеска во трката за титулата во португалскиот шампионат.

Спортинг и Бенфика имаат по 79 бодови, Спортинг дома ќе игра против Виторија, додека Бенфика оди на гости кај Брага.

Според „Скај Спортс“, Ѓекереш има договор според кој може да го напушти Спортинг ова лето за помалку од неговата откупна клаузула, а таа изнесува 100 милиони евра.

Спортинг ќе разгледа понуди над 70 милиони евра за напаѓачот, кој постигна 95 голови во две сезони.

Тој е исто така поврзан со трансфер во Манчестер јунајтед, каде што повторно би соработувал со својот поранешен тренер на Спортинг, Рубен Аморим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот