Премиерлига: Јунајтед и Ливерпул ги поделија бодовите! (ВИДЕО)

twitter.com/LFC

Манчестер јунајтед во премиерлигашкото дерби на „Олд Трафорд“ го пречека Ливерпул, а на крајот овој меч беше завршен без победник (1:1). Иако овој меч влезе како голем фаворит, екипата на Јирген Клоп имаше навистина слаби перформанси, но на крајот освоија еден бод.

Јунајтед беше поопасен по голот на Редси, а во 36 минута голема радост на трибините откако Маркус Решфорд ја погоди гостинската мрежа за предност од 1:0. Со овој резултат играчите заминаа на одмор, а во вториот дел Ливерпул повеќе напаѓаше иако не делуваше така моќно на теренот.

Еден потег на Јирген Клоп го промени резултатот, шанса од клупата доби Адам Лалана како замена за Хендерсон и како „златна резерва“ го спаси Ливерпул од пораз.

Во 85 минута од мечот Робертсон одлично нафрли од левата срана, а Лалана ја искористи невнимателноста во домашната одбрана за поставување на конечниот епилог.

На табелата останува првопласиран Ливерпул со 25 бодови, пред Манчестер сити кој има 19, а Манчестер јунајтед после четвртото реми сезонава е на 13 место со 10 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот