Премиер лига: Дали Ливерпул ќе ја одбрани титулата, колку далеку можат Лидс и Алиоски?

Од денеска официјално почнува новата сезона во Премиер лигата (2020/21), а истата според најавите треба да заврши на 23 мај, на 19 дена пред почетокот на наредното Европско првенство.

Ливерпул минатата сезона на најдобар можен со дури 18 бодови предност пред второпласираниот Манчестер сити ја освои титулата која ја чекаа 30 години и сега во новата сезона играчите на менаџерот Јирген Клоп ќе влезат скоро со непроменет тим.

Од клубот си заминаа Лалана, Ловрен и Натаниел Клајн, но преодниот рок поради ситуацијата со Ковид-19 само што започнува. Уште на самиот старт „црвените“ на Клоп ќе имаат еден незгоден противник кој е предводен од менаџерот Марсело Биелса.

На стадионот „Енфилд“ од 18.30 часот Ливерпул ќе ги одмери силите против Лидс во чии редови настапува и македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски. Екипата од „Иланд роуд“ успеа летово да се засили со Родриго Морено од Валенсија за 30 милиони фунти.

Прочитајте и...  Ѓоковиќ: Сакам да бидам историски број 1

Според обложувалниците Манчестер сити е главен фаворит за трофејот, но сигурно ќе има уште неколку екипи кои дефинитивно имаат сериозни амбиции за тронот, а тие се актуелниот првак Ливерпул, потоа Манчестер јунајтед, Челси.

Лондонските „сини“ на Лампард сигурно ќе сакаат да се покажат во уште подобро светло, а особено после ангажирањето на нови звучни имиња како Тимо Вернер, Каи Хаверц, Хаким Зијеш, Бен Чилвел, Тиаго Силва и Маланг Сар.

А сигурно високо ќе сакаат да котираат во генералниот пласман и лондонските состави на Артета и Мурињо, Арсенал и Тотенхем.

Премиер лига
Сезона 2020/21

Сабота, 12 септември
Двојки, прво коло –

Прочитајте и...  Шест месеци затвор за Јовиќ: Поднесено обвинение против напаѓачот на Реал!

13.30 часот Фулам-Арсенал
Барнли-Манчестер јунајтед (одложено)
16.00 часот Кристал Палас-Саутемптон
Манчестер сити-Астон Вила (одложено)
18.30 часот Ливерпул-Лидс
21.00 часот Вест Хем-Њукасл

Недела, 13 септември
15.00 часот Вест Бромвич-Лестер
17.30 часот Тотенхем-Евертон

Понеделник, 14 септември
19.00 часот Шефилд јунајтед-Вулверхемптон
21.15 часот Брајтон-Челси

Поврзани вести

Шест месеци затвор за Јовиќ: Поднесено обвинение против напаѓачот на Реал!

Слободен печат

Нов случај на коронавирус, целиот тим на Металург во изолација

Слободен печат

Наполи поразен на стартот од ЛЕ, пресврт на Рома (ВИДЕО)

Слободен печат

Јовановски: Доколку бидеме во прав состав, нашите шанси во Тбилиси ќе бидат и поголеми!

Фидан Коминовски

„Мистер“, ти благодариме: Марчело Липи ја заврши тренерската кариера!

Слободен печат

Македонија на 7 декември ќе ги дознае ривалите во квалификациите за СП

Слободен печат

Остави Коментар