Прелиминарна рунда, ЛШ: Шкупи ја наполни мрежата на Андорците!

facebook.com/futsalshkupi/

Откако во првото коло со 5:0 го совлада Кардиф од Велс, денеска футсалците на Шкупи беа уште поубедливи триумфирајќи над претставникот на Андора, Енкамп, со конечен резултат 11:1.

По три погодоци запишаа Сулејман (05:34, 06:35, 23:41 мин.) и Сефери (10:22, 17:59, 31:14), по еден Глигоров (09:09), Петровиќ (19:45), Шабани (29:36) и Исмаили (35:11), а автогол си постигна Сан Сегундо (25:40).

На спротивната страна единствениот гол беше дело на Неира (34:17). Претходно на стартот од второто коло во групата Б Даугавпилс беше подобар од Кардиф со 5:1.

Ова значи дека за првото место кое води во главната рунда, битка ќе водат Шкупи и летонската екипа на Даугавпилс, дуел кој што е закажан за в сабота со почеток од 20.00 часот.

Доколку Шкупи биде првопласиран, на турнирот кој што ќе се организира во октомври во Хрватска, освен домаќинот Ново Вријеме ќе се најдат уште победниците од прелиминарната група Д (Омонија, Гази Университеси, Пинерола Братислава, Ваенгир Јупитерс) и од прелиминарната група И (Гентофте, Лео, Титоград).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот