
Прекумерното потење може да биде многу опасно: Дали знаете што е примарна, а што секундарна хиперхидроза?
Факт е дека прекумерното потење е проблем со кој се соочуваат многу луѓе.
Препорачано
Прекумерното потење се нарекува хиперхидроза. Оваа здравствена состојба може да влијае на целото тело или да биде локализирана во одредени области.
Некои вообичаени места каде што може да се појави зголемено потење се дланките на рацете, стапалата на нозете, лицето и секако пазувите.
Иако секој се поти во одредена мерка (особено после вежбање, кога е многу топло надвор или кога сте нервозни), ако чувствувате дека потењето се јавува и во други ситуации, можеби имате работа со примарна хиперхидроза.
Додека пак, секундарната хиперхидроза значи дека всушност постои основна здравствена состојба што предизвикува вашето тело да произведува повеќе пот отколку што е потребно за да го олади вашето тело.
Ова се некои од состојбите што можат да бидат поврзани со прекумерно производство на пот: нарушување на контролата на гликоза, белодробни заболувања, мозочен удар, менопауза, туберкулоза, Паркинсова болест и состојби поврзани со хормони, како што е хиперактивна тироидна жлезда.
Но, понекогаш тоа едноставно се случува поради анксиозно растројство или поради употреба на одредени лекови, како и злоупотреба на одредени супстанции.
Доколку имате ваков проблем и ви пречи прекумерното потење, веројатно е време да одите на лекар.
Вашиот лекар може да ви направи тестирања со кои ќе се утврди колку се потите, како и колку вода губите преку стапалата, скалпот, рацете и пазувите.
Добрата вест е дека штом ќе се идентификува основната причина, постојат низа начини за ублажување на симптомите. Посилни антиперспиранси, креми или лекови можат да го намалат потењето!