ПРЕФРЛЕНИ ОСТАТОЦИТЕ НА ФРАНКО: Екхумацијата на шпанскиот диктатор е крај на моралната навреда

Фото: EPA-EFE/Javier Lizon

Шпанскиот премиер Педро Санчес оцени дека денешната ексхумација на шпанскиот диктатор и генерал Франциско Франко е крај на „моралната навреда“, пренесе „Б92“.

Санчес нагласи дека со овој чекор се става „крај на моралната навреда која претставува величање на диктаторот на јавно место“.

Остатоците од телото на шпанскиот диктатор Франциско Франко (1892-1975) денес од базиликата во грандиозниот мавзолеј на „Долината на паднатите борци“ каде беше погребан беа пренесени на гробиштата Мангорубио на 57 километри од Мадрид, каде е закопана и неговата сопруга.

Санчес рече дека сега е неопходно да се започне постапка за индентификација на илјадниците жртви на Франко, кои исто така се закопани во мавзолејот.

– Тоа е срам кој мора да се поправи – рече тој.

Ексхумацијата која Санчес ја вети за време на преземањето на власта во 2018 година, во Шпанија ја бараа многумина кои сметаат дека тој мавзолеј е навреда на роднините на жртвите на Франко од Шпанската граѓанска војна која траеше од 1936 до 1939 година, и сите кои почувствувале терор за време на неговиот четириесетгодишен режим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот