Предвоени говори рачно напишани од Хитлер продадени на аукција за 34.000 евра

Instagram

Аукциска куќа во Минхен во петокот продала белешки од Хитлер кои ги пишувал за говорите што ги одржал пред Втората светска војна.

Највисоката понудена цена била 34.000 евра, за документ од девет страници за говор кој Хитлер го напишал за новите воени офицери во Берлин во 1939 година, само осум месеци пред почетокот на Втората светска војна кои се однесувале на германските воени подготовки и „проблемот со Евреите“.

 

Profimedia

 

Аукцијата куќа „Hermann Historica“ ги потврдила информациите за „The Associated Press“, велејќи дека белешките се од историско значење и дека треба да се чуваат во музеј или да се дадат на истражувачите.

 

Profimedia

 

Претставници на еврејската заедница ја критикуваа продажбата на документите, истакнувајќи дека тие можат да послужат како охрабрување за неонацистите во време кога антисемитизмот и антисемитистичките злосторства растат во Германија и Европа.

 

Profimedia

Тие жеското ја нападнаа одлуката за продажба на белешките кои „пркосат на логиката, пристојноста и хуманоста“.

 

Instagram

 

Не можам да не реагирам околу чистата неодговорност и нечувствителност, за продажба на предмети како што дрдорењата на најголемиот убиец на Евреите во светот“, ијзави рабинот Менахем Марголин, шеф на Европското Еврејско здружение со седиште во Брисел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот