Пожар во Кочани / Фото: PETR STOJANOVSKI / imago stock&people / Profimedia

Предлогот на СДСМ и Левица за анкетна комисија за Кочани вратен на доуредување

Предлог одлуката за основање на накетна комисија за пожарот во Кочани, поднесена од Левица и СДСМ не е уредна, поради тоа што тие бараат да имаат мнозинство во Комисијата, а имаат и претседател. Ова, како што информираше претседателот на Собранието, Африм Гаши не е во согласност со Деловникот, повикувајќи се на членот 124 од него и поради тоа иницијативата за основање анкетна комисија е вратена на доработка.

Апасиев: Ќе закажам комисиска седница во Собранието за трагедијата во Кочани

СДСМ и Левица бараат покрај претседател, да имаат по четворица пратеници, ВМРО-ДПМНЕ тројца, Вреди двајца, а ЗНАМ еден.

Гаши информираше дека до Собранието не е доставен предлог за нови членови на Владата и оти не би знаел да каже кога тие ќе бидат доставени, но оти кога ќе се случи тоа седница може веднаш да биде свикана.

Мицкоски: Прифаќаме анкетна комисија за Кочани, но ќе зборуваме и за сите други трагедии

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот