
Според првите информации, нападнати се навивачите на Зрињски – популарните „Ултраси“, кои со комбиња се враќале од натпреварот во Тузла, каде што нивниот тим играше против Слобода.
Како што дознава „Аваз“, биле пречекани од десетина мажи во црни дуксери, вооружени со палки, оштетени се и комбиња.
Од Оперативниот центар на сараевската полиција рекле дека ги проверуваат наводите дека избила тепачка и дека немаат повеќе информации. Силни полициски сили се на теренот, а сеуште нема информации за повредени или уапсени во овие нереди.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.