Празни теглите за ајвар: Пензионерите на протест, немаат ни за зимница

Ова ли е едно општество за сите? Kога во рацете држиме празни тегли затоа што со покачувањето од 5,3 проценти на пензиите, не можевме да направиме зимница! Госпоѓо Тренчевска слушаме дека ќе имаме зимска помош. Можеби ќе биде некое новогодишно пакетче со шал, ракавици и капа. Јасни сме и децидни дека бараме линеарно покачување од 5 илјади денари, рече на денешниот протест на пензионерите Соња Арсовска, претседателка на ИО за протести на пензионерите.

На протестот пензионерите се појавија со празни тегли за ајвар во рацете и се пожалија дека примањата не им достасуваат ниту за зимница. Тие најавија голем протест во Скопје, за 7 ноември. Некои од нив рекоа дека ќе одат пред ЕУ, пред амбасадата на Америка во Скопје, пред холандската и германската амбасада. Пензионерите на денешниот протест порачаа дека со средствата од пензиите можат да ги покријат само своите лекови и комуналиите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот