Правосмукалката се прегрева и повеќе не влече како порано: Со овој трик ќе работи како нова
Со долготрајна употреба, се случува правосмукалката да работи сѐ помалку и помалку. За среќа, решението за оваа ситуација е повеќе од едноставно.
Препорачано
Прво, отворете го делот од правосмукалката каде што се наоѓа вреќата за прав. Забележете ја гумата на капакот. Оваа гума, кога капакот е затворен, треба да дојде во контакт со гумата на вреќата за прав и херметички да се запечати.
Во овој случај, на гумата се формираат наслаги од прашина, кои се дебели до еден милиметар на некои места.
Поради ова, двете гуми не се лепат една до друга и моторот наместо да влече воздух низ цревото на правосмукалката, влече воздух меѓу двете гуми, што значително ја намалува моќта на чистење.
Слично може да се случи и на гумениот дел од вреќата за прав. Отстранете ги тврдите наслаги од гумата со влажна крпа. Направете го истото со вреќата за прав.
После тоа, неопходно е да се исчистат и филтрите, кои значително се валкаат по долго време користење на правосмукалката. Отстранете го вшмукувачкиот филтер од куќиштето. Направете го истото со филтерот што го чисти воздухот што излегува од правосмукалката.
Најпрво добро протресете ги двата филтри, а потоа измијте ги со вода и детергент (можете да ставите и нови доколку ги имате). По сушењето, вратете ги филтрите на своето место.
Кога ќе ја вклучите правосмукалката, ќе видите дека повторно работи како нова – добро вшмукува и не се прегрева.


