Правилно и детално миење на дрвените лажици, даски и прибор: Единствениот начин со кој навистина ќе ги отстраните бактериите!

Детергентот и машината за садови тука не помагаат…

Дрвениот прибор за готвење го сакаме од повеќе причини – тој е поздрав избор бидејќи е направен од природен материјал, долго трае, а притоа не постои ризик дека со него ќе си ги оштетиме тефлонските садови за време на подготовката на храната.

Но, неговото чистење бара посебно внимание.

Нормано, дрвото е материјал кој лесно упива се, па и чистењето мора да биде подетално, со цел вашите дрвени садови и прибор да не станат закана по здравјето.

Миењето со детергент за садови и сунѓер или ставањето во машина за садови нема да ги отстрани сите бактерии од дрвениот прибор.

Единствениот начин правилно да гo исчистите е да го потопите приборот во сад со вода што врие и да го оставите 20 минути. Ќе бидете шокирани кога ќе видите колку валкани работи ќе излезат од него.

Даската за сецкање можете да ја истриете со сода бикарбона, и да ја попарите со врела вода неколку пати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот