Фото Слободен печат

ПРАШАЊЕ НА НЕДЕЛАТА | Дали Владата треба да го објави договорот за изградба на Коридорите 8 и 10д со компанијата „Бехтел и Енка“?

„Слободен печат“ минатата недела спроведе анкета меѓу своите читатели на прашање „дали Владата треба да го објави договорот за изградба на Коридорите 8 и 10д со компанијата „Бехтел и Енка“?

Според резултатите, 78.07 % од гласачите се изјаснија со „Да“, а Не 21.93 % гласаа „Не“.

Власта и опозицијата со недели продолжуваат со препукувањата и обвинувањата за договорот со изведувачот на патиштата од коридорите 8 и 10д, „Бехтел и Енка“ – пратеници од опозицијата инсистираат власта да го објави документот и изнесуваат детаљи, а СДСМ обвинува дека тие шират лажни вести.

Премиерот Димитар Ковачевски минатата недела изјави дека 51 отсто од работите, според договорот со „Бехтел и Енка“ треба да се изведат од страна на македонски изведувачи. Тој додаде и дека се надева дека ќе имаме толку работници, механизација и материјали кои ќе можат да бидат имплементирани во проектот.

Ново прашање на неделата на „Слободен печат“ секој понеделник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот