Практични совети кои секојдневно можете да ги применувате ако имате низок притисок
Променливото време може да направи вашиот крвен притисок да варира и тоа дополнително да ве измори, исцрпи и да ви предизвика главоболки. Нискиот крвен притисок не претставува закана за здравјето, но поради намалениот проток на крвта во органите не се доволно снабдени со кислород и хранливи материи. Последиците се намалување на енергијата, вртоглавица и апатија. За да ги спречите или барем да ги ублажите овие непријатни симптоми, експертите препорачуваат неколку практични совети кои секојдневно можете да ги применувате.
Препорачано
Што можете да направите ако притисокот ви е низок?
Во прв момент, додадете малку повеќе сол во храната или испијте јогурт во кој исто така имате додадено сол. Кујнската сол ја врзува течноста во организмот, со кој крвниот притисок малку се зголемува. Богатиот појадок и солените јадења ќе придонесат да се чувствувате подобро.
Кафето може да ви помогне краткотрајно, па затоа не пијте по неколку кафиња, туку еднаш во денот испијте зелен или црн чај.
Кога забележувате дека ви се врти, избегнувајте нагло да станувате од седечка или од лежечка положба, не кревајте тешки предмети и не се преморувајте со физичка работа. Кога ќе легнете во креветот, подметнете неколку перници под главата и тилот, за преминувањето од лежечка во стоечка положба да не биде премногу нагло. На тој начин ќе избегнете вртоглавица.
Помогнете си и со храната. Јадете помалку, но и почесто. Јадете салата од цвекло и домати, маслинки и пијте доволно вода. Крвниот притисок е најнизок во текот на првиот час по јадењето. Тој тогаш опаѓа затоа што на органите за варење им е потребна крв за да ја завршат својата функција. Оваа постапка ќе биде послаба ако внесете помала порција на храна.
Најважно од сè е дека не треба да се туширате со многу топла вода, ниту да лежите во топла када. Туширањето завршете го со ладна вода. Наизменично туширање со топла и ладна вода влијае на јакнењето на крвните садови. Поради брзите промени на температурата тие тогаш брзо се шират и се стеснуваат, па полесно се адаптираат на надворешните влијанија, на пример, на спарното време. Туширањето секогаш завршувајте го со ладна вода. Уште поголем ефект ќе има доколку со сува четка ја масирате кожата во насока на срцето.


