Познати се двете нови групи во главната фаза на ЕП 2024
По завршувањето на прелиминарната фаза на Европското ракометно првенство 2024 во Германија, познати се сите учесници, вкупно 12 кои се квалификуваа за главната фаза.
Препорачано
Четири репрезентации го завршија првиот дел од шампионатот со три максимални победи: Унгарија, Словенија, Шведска и Данска.
Формирани се две нови групи, во групата „1“ која ќе се игра во „Ланксес Арена“ во Келн Унгарија и Франција стартуваат со два бодови, по еден Хрватска и Австрија, а од нула Германија и Исланд.
Мечевите од групата „2“ ќе се играат во „Берклејс Арена“ во Хамбург, а таму со по два бодови ќе започнат Данска, Шведска и Словенија, а со ниту еден Холандија, Норвешка и Португалија.
Првопласираните две репрезентации од двете групи ќе се пласираат во полуфиналето, а третопласираните ќе играат за петтата позиција на континенталниот шампионат.
Европско првенство 2024 Германија
Главна фаза
Група „1“ (Келн)
Табела:
1. Унгарија 2 бодови
2. Франција 2
3. Хрватска 1
4. Австрија 1
5. Германија 0
6. Исланд 0
Прво коло
18 јануари
Унгарија – Австрија
Германија – Исланд
Франција – Хрватска
Група „2“ (Хамбург)
Табела:
1. Данска 2 бодови
2. Шведска 2
3. Словенија 2
4. Холандија 0
5. Норвешка 0
6. Португалија 0
Прво коло
17 јануари
Норвешка – Португалија
Данска – Холандија
Словенија – Шведска


