Познатата актерка не личи на себе: Претерала со естетската хирургија (ФОТО)
Една од најпознатите и најуспешни холивудски актерки се појави на доделувањето на филмски награди во Италија каде ги изненади сите со својот непрепознатлив изглед.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Актерката Никол Кидман (52) беше на 65 меѓународно доделување на наградите „Таормина Филм Фестивал“ на Сицилија, каде на бина се појави и како една од добитничките, но она што всушност сите го забележаа беше нејзиниот изглед, поточно нејзиното лице.

Она што на никого не успеа да му избега е нејзиното необично младолико лице. На фотографиите се забележува дека Никол премногу го затегнала лицето, таа дури едвај можела да се насмее и личела како восочна фигура, па многумина едвај успеале да ја препознаат.
Инаку, актерката претходно негираше дека правела било какви естетски корекции и истакна дека нејзиниот добар изглед се резултат на здравиот начин на живот.

„Искрено, на мене се е природно. Користам само заштитна крема за сончање и не пушам. Се грижам за себе и горда сум што можам да го кажам тоа“, изјави претходно актерката.
Не долго потоа, Никол Кидман призна дека сепак оди на ботокс корекции.
Актерката инаку е во вториот брак со пејачот Кит Урбан со кој има две ќерки, а од претходниот брак со Том Круз има две посвоени деца, син и ќерка.


