Позната инфлуенсерка почина на 23 години, две недели откако исчезна
Познатата инфлуенсерка Мариан Изагире почина на 23-годишна возраст во болница во Морелија, Мексико. Веста за нејзината смрт доаѓа кратко откако беше пријавена како исчезната пред речиси две недели, а потоа откриена од полицијата пет дена подоцна, пренесува „Пипл“.
Препорачано
Деталите за нејзината повреда сè уште се непознати, но беше објавено дека по несреќата претрпела мозочна смрт. Нејзиното семејство даде дозвола нејзините органи да бидат донирани.
Кон крајот на минатиот месец, таа објави видео кое привлече внимание. Имено, на видеото носи шминка како кловн и плаче на песната „Porque te vas?“, која е за скршена љубов.
„Сите ветувања на мојата љубов ќе одат со тебе. Зошто си заминуваш?“, напиша таа во описот на видеото.
@marianizaguirrep Todas las promesas de mi amor se irán contigo 🥺 por que te vas? #payaso #trend ♬ sonido original – Michee 🦈
Нејзините следбеници го оценија видеото како доста бизарно. Таа имаше повеќе од четири милиони следбеници на Тикток.
Полицијата ја пронајде во хотел во Морелија на 6 септември откако нејзиното семејство пријави дека е исчезната, изјави локалното обвинителство. Таа останала во хотелот неколку дена. Потоа било однесена во болница. Полицијата соопшти дека истрагата за околностите на нејзиното исчезнување сè уште е во тек.


