Познат распоредот на натпревари на завршниот турнир во Купот„Благоја Георгиевски-Буштур“

Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ, ги утврди и термините за одигрување на натпреварите од завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ кој од 18 до 20. февруари ќе се реализира во салата на Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје.

На првиот натпреварувачки ден, 18. февруари (петок), ќе се одиграат четвртфиналните натпревари во машка конкуренција. Програмата стартува од 12. часот, со натпреварот Пелистер-ТФТ.

Од 14.30 часот, следува натпреварот помеѓу екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Гостивар. Од 17.часот, на распоредот е мечот Работнички – Феникс 2010, а од 19.30 часот, за место во полуфиналето ќе разигруваат екипите на Еуро Никел 2005 и Навико Академија ФМП.

Наредниот ден, 19. февруари (сабота), се двата полуфинални натпревари во женска, а потоа и во машка конкуренција.

Од 12. часот, на теренот во салата СРЦ „Кале“ ќе истрчаат екипите на Бадел 1862 и Струга 2009, потоа од 14.30 часот, ќе се игра натпреварот помеѓу бранителот на трофејот, екипата на Баскет Кам 2011 и Вардар.

Првото машко полуфинале е закажано за 17.часот, а нешто подоцна, од 19.30 часот, ќе се игра и вториот полуфинален меч.

Неделата е резервирана за двата финални натпревари. Од 17 часот ќе играат двете најдобри екипи во женска, а од 19.30 часот, и во машка конкуренција.

Во соработка со Македонската радио и телевизија, предвидени се директни преноси од натпреварите од завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“.

Мажи:
18 февруари
12.00: Пелистер – ТФТ (1)
14.30: МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар (2)
17.00: Работнички – Феникс 2010 (3)
19.30: Еуро Никел 2005 – Навико Академија ФМП (4)

19 Февруари
Жени полуфинале
12.00: Бадел 1862 – Струга 2009
14.30: Баскет Кам 2011 – Вардар

Мажи полуфинале
17.00: Победник 1 – Победник 4
19.30: Победник 2 – Победник 3

20 Февруари
17.00: ФИНАЛЕ – ЖЕНИ
19.30: ФИНАЛЕ – МАЖИ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот