Познат датумот кога во Скопје ќе се одржи Парада на гордоста

Организацискиот одбор за „Парадата на гордоста“ денес најави дека на 29 јуни во Скопје ќе се оддржи првиот марш на ЛГБТ заедницата во Македнија.

Антонио Михајлов од организацискиот одбор изјави дека ова е резултат на 15 години активизам.

– Ние изградивме заедница, не само ЛГБТ луѓе, туку и поддржувачи и пријатели, во нашата борба клучна е поддршката на поджувачите – изјави Михајлов.

Тој додаде дека е парадата е протест на кој ќе се бара афирмација и заштита на човековите права на ЛГБТ луѓето.

Прашани во врска со безбедноста, од организацискиот одбор велат дека веруваат дека Министерството за внатрешни работи ќе се погрижи за тоа.

– Безбедноста во нашата држава ја обезбедува и контролира МВР и сметаме дека имаме поддршка од сите чинители во општеството но свесни сме дека имаме и ние одговорност. Ќе ја следеме будно ситуацијата и се што е во наша можност ќе направеме, секој еден што ќе биде со нас на улиците ќе биде безбеден – изјави Ирена Цветковиќ од организацискиот одбор.

Организаторите упатија апел до сите политичари, претставници на странските мисии и организации да дадат поддршка на „Парадата на гордоста“.

Според нив, одлучиле сега да се оддржи парадата, поради позитивната општствена клима која се создаде во врска со ЛГБТ заедницата.

– Извршната и парламентарната власт навистина помогнаа во создавање на тој контекст – изјави Михајлов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот