Позитивен на Ковид наместо да седи дома, дошол во ГОБ ,,8 Септември” и се заканувал на лекарка по живот по што бил спроведен во државен карантин

Синоќа околу 19 часот лекари од Ковид центарот во ГОБ 8 Септември пријавиле дека неколку лица сериозно им се заканувале по живот, а причина било тоа што лицето Б.Ф од скопско починала во болницата позитивна на Ковид 19.

Откако дошла полицијата на лице место, на паркингот пред ГОБ 8 Септември биле затекнати повеќе лица, при што полицајците спровеле мерки и активности за преглед на лица и патнички моторни возила, а меѓу нив биле затекнати и Б.Ш од Скопје и Б.С, синови на починатата, кои сакале насилно да го земат телото на починатата.

Лицето Б.С. Е приведено во полициска станица Гази Баба поради тоа што при проверка во евиденција за лица со решенија за изолација, констатирано е дека не го почитувал решението и е позитивен на Ковид 19. Единицата за внатрешни работи Аердором и полициската станица Драчево изготвиле решение за државен карантин, строга изолациа и истиот од полициска станица е пренесен во државен карантин на сопствен трошол и против него ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО по член 206 од Кривичниот законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот