Пожарот на Пелопонез сѐ уште активен

Официјално не е соопштено колкава е материјалната штета, иако, неофицијално, според медиумите, има куќи чии делови се изгорени.

Дополнително се евакуираат населби во близина на Коринт, каде што пожарот што изби доцна синоќа, сѐ уште не е ставен под контрола, а ветерот дополнително ја отежнува работата на пожарникарите, додека пак чадот стигна до Атина и Кикладските Острови, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Секретаријатот за цивилна заштита, со две пораки испратени во 14 и 15 часот, преку специјалниот број за итни случаи 112, побараа од жителите на повеќе делови во близина на Коринт да ги напуштат домовите, а веќе превентивно се евакуирани шест села и два манастири.

Пожарт избувна во планински дел, поради ветерот се шири брзо, а во конкретниот регион поголем дел од куќите се викендички.

Официјално не е соопштено колкава е материјалната штета, иако, неофицијално, според медиумите, има куќи чии делови се изгорени.

Грчката противпожарна служба со над 200 пожарникари, пешадиски тимови со над 80 возила, од копно и со 17 авиони и четири хеликоптери од воздух се обидува, пожарот да го стави под контрола.

На пожарникарите им помагаат и цистерни од општината и волонтери.

Чадот од пожарот, поради ветерот, стигна до Атина, но и до Кикладските Острови, според пораталот „Метео” на Националната опсерваторија во Атина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот