Пожарникарска скала за висококатниците во Скопје ќе стигне од Германија

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Нови триесет пожарникари и пожарникарска скала, ќе им бидат од помош на пожарникарите, во справувањето со огнената стихија, најави денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

-Набрзо ќе биде распишан огласот за прием на нови 30 пожарникари, на местото на луѓето кои заминаа во пензија, или ќе заминат во пензија во текот на оваа година. Нема да дозволам да падне бројот под минимумот кој ќе гарантира безбедност на сите делови од Скопје. За неколку месеци, најдоцна до крајот на февруари, ќе ја добиеме и скалата од Германија, за високите делови од зградите, рече Шилегов.

Сепак, за платите на пожарникарите треба да се одлучува на централно ниво, Градот не е тој што може самостојно да им ги зголеми платите, нагласи градоначалникот.

-Градот за жал не е тој кој што ја определува висината на платата на пожарникарите и надоместокот кој што го добиваат. Тоа е нешто што го трансферираме до пожарникарите по пат на блок дотациите кои што ги добиваме од централната власт, како што е случај со негователките во градинка и наставниците, значи не е нешто што зависи од нашата одлука. Сепак, мораме да водиме сметка за буџетските биленси што ги имаме, што на Град Скопје, што на централно ниво. Но, мислам дека ќе се изнајдат средства за да им се зголемат платите на пожарникарите, рече Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот