Пожар на непристапен терен под Солунска глава

Фото: ЦУК

Гори ниска трева и нискостеблеста борова шума на непристапен стрмен терен на карпите под Солунска глава од десната страна над изворите на реката Бабуна, на над 2000 метри надморска височина. Пожарот избувна во петокот над селата Горно Врановци и Горно Јаболчиште и се прошири нагоре.

Од Шумското стопанство „Бабуна“ од Велес и Општина Чашка од надлежните бараат помош во гаснење на овој пожар кој вчера не се гасеше. Од ЦУК информираат дека причината е поради високата надморска височина поради што е тешко и ризично гаснење со воздухоплови заради силните воздушни струења и исклучително стрмниот терен.

Како што информираат од ЦУК, стапено било во контакт со дежурниот на „Солунска глава“, а кои во координација со припадници на Армијата стационирани во базата на „Солунска глава“ од терен известиле дека не може да се утврди точната површина зафатена со пожарот.

-Горе дува североисточен ветер со брзина од 50 до 60 километри на час и не може да се процени дали постои опасност за негово проширување. Од наша страна се известени Дирекцијата за заштита и спасување, контакт лицето од Општина Чашка и градоначалникот на Општина Чашка, појаснуваат од Центарот за управување со кризи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот