Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Пожар избувнал во женски тоалет во Обвинителството, пламнала тоалетна хартија

Пожар избувнал вчера во зградата на Јавното обвинителство во Скопје, по што морале да интервенираат осуммина пожарникари со два камиони, објави „Скопје1“, а информацијата ја потврдуваат и од Противпожарната бригада на Град Скопје.

Ова се случило во работно време, нешто пред 14 часот, а според командирот на пожарникарите Звонко Томовски, горела тоалетна хартија во корпа за отпадоци во женски тоалет во зградата.

„Стануваше збор за опожарени хартии во женски тоалет. Од наша страна извршена е проверка и вентилирање на просториите“, вели Томовски за „Скопје1“.

Обвинителството не одговорило на прашањата од порталот во врска со пожарот, кој денеска не беше наведен во дневниот билтен на МВР, каде обично полицијата ги бележи ваквите инциденти.

Ортаци во фирма од Скопје затаиле 120.000 евра од државата, тврди Финансиската полиција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот