Повторно заедно: Аца Лукас и Соња Вуксановиќ заедно во Рим! (ФОТО)

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Според српските медиуми, пејачот Аца Лукас и неговата поранешна сопруга со која ја има ќерката Викторија, Соња Вуксановиќ, наводно се повторно заедно.

Пејачот ги однел поранешната сопруга и ќерката со себе во Рим, каде и тој настапил на луксузната ромска свадба заедно со Цеца и други поп-везди.

– Сите сме убедени дека Соња и Лукас се повторно заедно. Слушнавме дека тој е во Рим со неа, но не ја донесе на свадбата. Тој пееше само еден час, a Соња веројатно престојуваше во хотелот со Викторија. Мојот колега  рече дека ги видел заедно во еден италијански ресторан, но се срамел да им се јави – открил пријател на Лукас.

Овие приказни беа дополнително разгорени од Соња, која на својот профил на Инстаграм објави фотографија од Рим, но без Лукас. Случајност или не?!

За потсетување, Аца и Соња се венчаа во 2010 година, а седум години подоцна решија да се разведат. Нивниот развод траеше цели две години и беше доста бурен, проследен со бројни скандали. Сепак, и по разводот, Лукас не криеше дека ја сака Соња повеќе од која било друга жена, а Соња го задржа презимето и по разводот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот