Повторно отворени училиштата во Англија

epa09035800 Children pass a high school in London, Britain, 25 February 2021. British Education Secretary Williamson announced that teachers will determine the GCSE and A-level grades of their students after last year's algorithm grading system was scrapped. EPA-EFE/ANDY RAIN

Учениците денеска се вратија во училишните клупи во Англија првпат од јануари, согласно ублажувањето на рестриктивните мерки, благодарејќи на масовната вакцинација против ковид-19, пишува Гардијан.

Повеќето ученици од почетокот на оваа година ја следат наставата од дома, што предизвика загриженост кај родителите поради ефикасноста на таквото учење од далечина.

Децата од пет до 11 години се вратија денеска на училиште, а од следната недела ќе се вратат и учениците од 11 до 18 години.

Од учениците во средните училишта е побарано првите две недели да направат три доброволни тестови – во училиштето и дома, а потоа ќе добијат тестови за да можат дома да ја проверуваат својата здравствена состојба на секои две недели.

Министерството за здравство ги советува учениците да носат заштитни маски на места каде што не може да се одржи физичка дистанца, вклучувајќи ги и училниците.

Учениците во основните училишта немаат обврска да носат маски, ниту да вршат тестирања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот