Повторно ќе се отвори киното „Милениум“, најавува Ѓорѓиевски
Киното „Милениум“ во Градскиот трговски центар, кое е затворено неколку години, повторно ќе проработи, а тоа би можело да се случи уште во септември, најави денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓоргиевски, информирајќи дека „веќе се преземаат конкретни чекори“ киното, со кое стопанисува Град Скопје преку МКЦ, да се обнови и повторно да се отвори.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Сакам да истакнам, ексклузивно, дека преку Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО) се обезбедува проектот за Градското кино. Веќе сме во постапка. Имаме обезбедено средства од буџетот на Град Скопје, а тендерската постапка е или веќе распишана или ќе биде во наредните денови“, изјави Ѓоргиевски.
Тој додаде дека киното „Милениум“ е еден од објектите кои ќе бидат опфатени со реконструкцијата, со цел да се врати во функција по години неактивност и несоодветни услови.
„Се надевам дека до септември ќе биде ставено во функција. Тоа е добар рок ако се земе предвид дека долго време не функционираше, а таму имаше и несоодветни услови“, рече градоначалникот.
Обновата ќе ја поддржи Стопанската комора Македонија-Турција (МАТТО), која ќе обезбеди нов проектор за киното. Постоечкиот дигитален ДЦП проектор бил набавен во 2012 година, но тој не работи веќе три години. Киното „Милениум“ официјално се затвори на 2 април лани.
Искршени плочки и дупки по улицата, срамна глетка на влезот во Старата скопска чаршија


