„Повторно би го направила истото“: По одмаздата за сопругот станала првата жена на мафијата, секогаш дејствувала сама!

Асунта Мареска
Асунта Мареска / Фото: Принтскрин Јујтуб

Познатата шефица на италијанската мафија позната под прекарот „Кукла“ која минатата година почина на 70-годишна возраст во нејзиниот дом во близина на Помпеја остана запаметена како една од највлијателните жени на подземјето.

Сонувала да стане модел

Асунта Мареска била единственото девојче во семејството и имала четири браќа. Наводно, уште како дете покажувала насилни тенденции. Еднаш нападнала соученичка, нанесувајќи ѝ сериозни повреди, во една прилика пишува италијанскиот весник „Кориере дела сера“. Мареска победила на локален натпревар за убавина во 1953 година. Отсекогаш сонувала да стане модел и да се занимава со тоа.

Животот имал друг план за неа

Иконата на бездушната мафија се истакнала на само 18-годишна возраст кога во Неапол го убила убиецот на нејзиниот сопруг. Тогаш стекнала голема почит и внимание. Нејзината одмазда ја направила првата жена шеф на крвавиот клан Камора.

Кралица на подземјето

Мареска, ќерка на озлогласен трговец на црниот пазар, го фатила Антонио Еспосито, тогашниот шеф на кланот Камора, кој наредил убиство на нејзиниот сопруг и го убила среде бел ден на улица во Неапол. Страшната егзекуција дополнително ја зацврстила нејзината позиција во подземјето на Неапол.

Поранешната кралица на убавината секогаш инсистирала да дејствува сама, а за време на судењето за убиството во 1959 година, во судницата пркосно рекла: „Повторно би го направила истото!“.

Немилосрдната убавица се породила во затвор, а својот син го видела по 14 години. По отслужувањето на затворската казна, Мареска отворила две продавници за облека во Неапол.

Потоа се омажила за познатиот шверцер на дрога и дилер на оружје Умберто Аматур, со кого добила близнаци.

Бракот доживеал катастрофален пресврт кога Мареска го обвинила нејзиниот сопруг дека го убил нејзиниот прв син Пасквалин. Тврдела дека Аматуро станал љубоморен на сонот на Пасквалин да застане на чело на мафијата. Кога нејзиниот син имал 18 години, во јануари 1974 година, отишол да се сретне со Аматуро на градилиште во Неапол и исчезнал.

Мареска се посомневала дека Аматуро ѝ го убил синот и го закопал во цемент, но останала со него од страв да не ги повреди и другите две деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Il Mattino (@ilmattino.it)

Таа подоцна беше обвинета дека стои зад убиство на член на „Nuova Camorra Organizzata“, предводена од насилниот крал Рафаеле Кутоло.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luigi Lista (@luigilista)

Мареска во 1982 година повторно била уапсена заедно со Аматуро за убиството на Алдо Семерари, форензичар и познат неофашист. Таа отслужила уште четири години затвор пред да биде ослободена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот