Повикана Брза помош на судењето за Кочани, на еден од обвинетите не му било добро
Со изведување докази на обвинителите, денеска продолжи судењето за пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.
Препорачано
Во судницата беше соопштено дека е повикана Брза помош, затоа што на еден од обвинетите не му било добро, по што е дадена пауза.
Судењето го води судијката Дијана Груевска – Илиевска, а пред да биде викнато амбулатно возило, обвинителите приложија докази – видеоснимки и фотографии поврзани со импровизираниот клуб „Пулс“ од критичната вечер, како и низ годините во минатото кога работел.
„Ќе може да видите дека постојат околности што се однесуваат на безбедносно значајни аспекти за работењето на овој клуб, правно лигитимиран како кабаре“, беше кажано на судењето.
На претходното рочиште за Кочани беше прикажан фотоалбум составен од 92 фотографии, дел од материјалните докази, кои детално ја прикажуваат затекнатата состојба на местото на настанот.
На фотографиите направени при увидот, се гледаше внатрешноста на опожарениот објект, поставеноста на бината, димензиите на вратите и решетките на малите прозорци од тоалетите. Обвинителството рече дека констатирало присуство на горливи изолациони материјали, стиропор, первол, гипс картон, дрвени елементи, ограничувачки и небезбедни услови за евакуација.
Стопен сунѓер и крв биле најдени на јакната на Андреј од ДНК – Обвинителството презентираше докази


