Повеќе од 250.000 потписи за укинување на титулата на Тони Блер

Фото: Твитер

Повеќе од 250.000 луѓе потпишаа петиција за отповикување на поранешниот британски премиер Тони Блер.

Поранешниот лидер на Лабуристичката партија беше прогласен за витез на новогодишната почесна листа и се здоби со титулата „сер“

Оваа одлука предизвика критики во британската јавност бидејќи голем број луѓе сметаат дека Блер не ја заслужува оваа чест, а некои го нарекуваат и воен злосторник поради одлуката Британија да се внесе во војната во Ирак.

„Тони Блер предизвика непоправлива штета на Уставот и општеството на Велика Британија. Тој е лично одговорен за безброј цивилни и воени жртви во неколку конфликти. Тоа е единствената причина поради која тој треба да одговара за воени злосторства. Тој е последниот што ја заслужил оваа чест од нејзиното височество кралицата Елизабета Втора“, се вели во петицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот