Повеќе не е Сури Круз — ќерката на славниот актер се откажа од презимето на татко ѝ
Ќерката на холивудските ѕвезди Том Круз и Кејти Холмс, Сури, официјално го променила своето презиме и повеќе не го користи презимето на својот татко.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според податоците од избирачкиот список до кои дошол магазинот „Пипл“, 20-годишната студентка сега е заведена како Сури Ноел, наместо Сури Круз. Првично за оваа промена објави „Пејџ сикс“.
Сури студира на Универзитетот „Карнеги Мелон“ во Питсбург, а при регистрацијата за гласање во округот Алегени, Пенсилванија, во октомври 2024 година, го пријавила новото презиме. „Ноел“ е средното име на нејзината мајка, актерката Кејти Холмс.
Ова не е првпат Сури да го користи новото име. Уште во јуни 2024 година, на свеченото доделување дипломи по завршувањето на средното образование, таа беше претставена како Сури Ноел.

Сури е родена во април 2006 година, а нејзините родители, Том Круз и Кејти Холмс, се венчаа во ноември истата година. Нивниот брак заврши со развод во 2012 година.
По заминувањето на ќерка ѝ на факултет, Холмс јавно зборуваше за гордоста што ја чувствува.
„Горда сум на мојата ќерка. Секако дека ќе ми недостига тоа што не сме блиску, но навистина сум горда на неа и среќна сум“, изјави актерката во интервју за магазинот „Таун енд кантри“.
Во декември 2024 година, Холмс јавно ги демантираше и тврдењата дека Сури добила пристап до доверителен фонд од својот татко кога наполнила 18 години, оценувајќи ги тие информации како „целосно неточни“.
„Том Круз не постои за неа“: Сури Круз го прослави 18. роденден без својот татко


