Повеќе од 6.500 мигранти загинаа за време на подготовките за СП Катар 2022!

Фото: EPA-EFE/STR

Според „Гардијан“, повеќе од 6.500 мигранти загинале за време на подготовките за Светското првенство во Катар во 2022 година (21 ноември – 18 декември). Податоците презентирани од аналитичарите велат дека во просек 12 работници умирале неделно од моментот кога Катар доби право да биде организатор на најголемото фудбалско натпреварување.

Досега се потврдени дури 5.927 смртни случаи од четири земји – Индија, Бангладеш, Непал и Шри Ланка. Владата на Пакистан во Катар дополнително го објави бројот на 824 повредени работници во претходните 10 години.

Бројот на мртви сè уште не може да се утврди токму затоа што Кенија и Филипините, кои исто така испраќаат голем број работници во Катар за реализација на Светското првенство, не дадоа податоци за бројот на починати.

Најголем број на смртни случаи се поврзани со Индија, која пријави повеќе од 2.700 во претходните 10 години.

Во Индија, семејството на Маду Болапали никогаш не разбрало како здравиот 43-годишник починал од „природна смрт“ додека работел во Катар. Неговото тело било пронајдено како лежи на подот во неговата соба. Владата на Катар му плати на семејството Болапали 1.120 долари за случајот.

„Гардијан“ го наведува и фактот дека претежно станува збор за „природна смрт“ кај 80% од Индијците, иако работниците се претежно на иста возраст како Маду.

Најмладата жртва е млад човек од Непал, Гал Синг Реј, кој имал 20 години. Тој си го одзеде животот само една недела по пристигнувањето во Катар, семејството сè уште не ги утврдило причините за неговото самоубиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот