Повеќе едукација за децата кои имаат проблеми со говорот

Еден процент од возрасните и пет до седум отсто од децата во државава имаат говорно-јазично нарушување, кое претставува дисфункција во ритамот и темпото на говорот односно пелтечат. Тој процент кај децата е навистина голем број и треба да се работи на едукацијата, особено на наставниот кадар, на кадарот кој работи во детските градинки, па и на обичните луѓе, да се запознаат со овој проблем, изјави денеска специјалистот за дисфлуентни нарушувања на говорот од Заводот за рехаблитација на слух, говор и глас, Нермин Теловска.

Логопедот Теловска рече дека родителот, кој се сомнева дека неговото дете има пелтечење или се работи можеби нормална дисфлуетност во текот на детскиот развој потребно е да отиде на матичен лекар и да закаже преглед кај логопед. Пелтечењето, посочи, е многу комплексен проблем и затоа сакаме на ваков начин луѓето да се информираат.

Во врска со тоа дали има подобрување кај овие лица по нивното одење на преглед кај логопед таа појасни дека секогаш има подобрување и секогаш може да се помогне.

– Ние логопедите знаеме како треба да се постави дијагноза и реални очекувања. Целта е да не се направат компликации и на емоционално и на когнитивно ниво кај личноста на детето, а кај возрасниот моментите да се јавуваат поретко и да бидат во полесен степен односно да не траат долго за да не ја попречуваат комуникацијата. Основниот проблем кај возрасните кои пелтечат е кога одат на интервју да бараат работа, да се презентираат или да направат јавна презентација. Тогаш наша задача е да ги подготвиме за тие да можат без трема да застанат пред аудиториумот и да кажат тоа што треба. Значи им помагаме преку разни методи и техники, рече Теловска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот