Фото: ruthchepngetich94/Instagram

Потврден големиот скандал: Светската рекордерка во маратон суспендирана на три години

Шокантниот случај што го потресе светот на атлетиката летово сега доби и официјална потврда. Светската рекордерка во маратон, Рут Чепнгетич, е суспендирана на три години поради позитивен допинг-тест, соопшти Единицата за интегритет на Светската атлетика (АИУ)

Познатата кениска атлетичарка, која важи за една од најдобрите тркачки на долги патеки, во април била позитивна на забранетиот диуретик хидрохлоротиазид. Првично, во јули ѝ беше изречена привремена суспензија додека траеше истрагата, а сега казната стана официјална.

Хидрохлоротиазидот често се користи за прикривање други недозволени супстанци. Чепнгетич прво го негираше прекршокот, тврдејќи дека никогаш не користела допинг, а потоа призна дека го земала лекот затоа што била настината два дена пред тестирањето. Сепак, таа остана на ставот дека не знаела оти лекот содржи забранета состојка.

По признанието, нејзината казна беше намалена од четири на три години. Сите резултати постигнати по 14 март 2025 година ќе бидат поништени, а суспензијата ќе трае до април 2028 година.

Од АИУ потврдија дека случајот не е целосно завршен, бидејќи е отворена нова истрага поради сомневање дека Чепнгетич можеби подолг период користела недозволени средства.

„Случајот во врска со позитивниот тест на хидрохлоротиазид е решен, но истрагата продолжува за да утврдиме дали имало и други прекршувања“, изјави првиот човек на АИУ, Брет Клотир.

Преземено од: Спорт.ком.мк

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот