Фото: Kirill Ryzhov / Alamy / Alamy / Profimedia

Потрошил повеќе од 3.000 евра за возачки испит, а сепак не добил дозвола

За многумина кои штотуку учат да возат, патот до добивање возачка дозвола може да биде долг и макотрпен – но за некои кандидати, процесот е многу постресен отколку што мислеле дека ќе биде. Бројките објавени од британската автошкола „АА“ откриваат дека еден кандидат потрошил дури 2.944 фунти (3.334 евра) обидувајќи се да го положи теоретскиот тест – 128 пати, без успех.

Друг кандидат успеал да го положи дури во 75-тиот обид, откако потрошил повеќе од 1.700 фунти за тестовите, објавува британскиот Скај њуз- пренесе Каматица.

Секој обид за полагање на теоретскиот испит, кој мора да се положи пред кандидатот да може да го закаже практичниот дел, чини 23 фунти. Тестот го проверува познавањето на сообраќајните прописи, како и способноста за проценка на опасностите преку видеоснимки. И дури и кога некој ќе успее да го положи теоретскиот испит, дури тогаш следи нов предизвик – практичниот испит. Минатата година, рекордот за бројот на обиди пред да се положи практичниот дел бил 21. Ова значи дека кандидатот потрошил помеѓу 1.302 и 1.575 фунти, во зависност од тоа кога полагал.

Сепак, двајца кандидати отишле подалеку – се обиделе да го положат практичниот испит 37 пати без успех, трошејќи до 2.220 фунти секој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот