Потпишан „историски“ договор за заштита на природата
Нов договор за заштита на природата е договорен на самитот на ОН за биолошка разновидност, КОП 15, јави Би-Би-Си.
Препорачано
„Историскиот“ план ќе стави под заштита 30% од планетата до крајот на деценијата. Ќе има и цели за заштита на виталните екосистеми како што се дождовните шуми и мочуриштата. Договорот беше финализиран рано утрово во Монтреал, Канада, со овации и аплаузи.
Самитот во Монтреал се сметаше за „последна шанса“ да се стави природата на пат кон закрепнување. Во текот на разговорите постоеше голема поделеност околу амбициите и како да се финансираат плановите.

Една голема спорна точка беше околу тоа како да се финансираат напорите за зачувување во деловите на земјината топка каде се наоѓаат некои од најистакнатите светски биодиверзитети.
Биодиверзитетот се однесува на сите живи суштества на Земјата и начинот на кој тие се поврзани во сложената мрежа на живот што ја одржува планетата.
Нов дел од договорот беше објавен синоќа од страна на Кина, официјалниот претседател на самитот, кој е познат и како Коп 15. Инаку, овој самит мораше да биде преместен во Канада поради ковид-ограничувањата во Кина.
Делегатите утрово свикаа целосна седница на самитот по повеќечасовно одложување, но потоа брзо се согласија за договорот.
Претседателот на Коп 15, министерот Хуанг Рунки, го „скрши мразот“ и покрај приговорите од Демократска Република Конго, која рече дека не може да го поддржи договорот.

Нацрт-рамката за биолошка разновидност вклучува:
1. Четири клучни договори околу заштита на природата и споделување на нејзините придобивки
2. Вклучува 22 договори кои се движат од одржливо користење и управување со дивиот свет до обновување на уништените живеалишта и користење на помалку пластика и пестициди
3. Права и заштита на домородните народи
Документот, исто така, се однесува на прашањето за финансиите – клучна препрека за време на разговорите – со предлози за зајакнување на протокот на меѓународни финансии во земјите во развој.
Џорџина Чендлер, висок советник за меѓународна политика за Кралското друштво за заштита на птиците, рече дека луѓето и природата треба да бидат подобри благодарение на договорот склучен во Монтреал.
„Сега тоа е готово, владите, компаниите и заедниците треба да сфатат како ќе помогнат овие обврски да станат реалност.

Сју Либерман од Здружението за зачувување на дивиот свет рече дека договорот е компромис, и иако има неколку добри и тешко борбени елементи, може да оди подалеку „за вистински да го трансформира нашиот однос со природата и да го запре нашето уништување на екосистемите, живеалиштата и видовите“.
Договорот следи по неколкудневни интензивни преговори. Во саботата, министрите одржаа страсни говори за потребата да се договорат јасни цели за да се стави природата на пат кон закрепнување до крајот на деценијата.
„Природата е нашиот брод. Мораме да се погрижиме да остане на површина“, рече еврокомесарот за животна средина, океани и рибарство, Вирџинијус Синкевичиус.
Decision time approaches at #COP15.
We need to agree on clear goals:
? Restoring 6 billion ha of land & marine ecosystems
? The 30 x 30 target to protect biodiversity
? 25% reduction of our ecological footprint by 2030
Nature is our ship.
We must ensure it stays afloat. pic.twitter.com/T1PZvyNgX4
— Virginijus Sinkevičius (@VSinkevicius) December 17, 2022
Научниците предупредија дека шумите и пасиштата се губат со невидена брзина и океаните под притисок од загадувањето, луѓето ја туркаат Земјата надвор од безбедните граници.
Ова вклучува зголемување на ризикот од болести, како што се САРС КоВ-2, ебола и ХИВ, кои се прелеваат од диви животни во човечката популација.
Во одгласите на самитот за климата, Коп 27, во Египет, некои земји бараа да се формира нов фонд кој ќе помогне да се зачува биолошката разновидност, но тоа беше отфрлено од други.


