Постојат шест видови бенки, ако ги забележите, веднаш појдете на лекар
Најдобар начин за превенција од меланом секогаш е редовната контрола на бенките и другите промени на кожата. Еве какви видови бенки има и како навреме да се забележат промените на нив.
Препорачано
Јункционална меланоцитична бенка
Тоа е бенка која настанува уште во раната возраст кај децата и младите. Најчесто се појавува налик на мали точкички и може да се наоѓа секаде по телото. Мошне се ретки случаите во кои таквите видови бенки настануваат во 50-тите или 60-тите години од животот. Сама по себе е безопасна и личи на пега. Главно се кафеави, темнокафеави или дури и црни.
Сложена бенка
Најчесто е безопасна. Може да ја има секој и може да биде со различен интензитет, со посветла или темнокафеава боја. Средниот дел обично е издигнат и тука се сместени пигментите клетки. Во повеќето случаи станува збор за бенигна творба која ретко се претвора во поопасни облици.
Интрадермална бенка
Обично е со боја на кожа или благо светлокафеава и тие најчесто се отстрануваат од естетски причини ако на личноста ѝ пречат или постојано ги повредува. Главно ги има на главата, вратот или горниот дел од телото, а понекогаш од нив можат да растат и влакна. Нејчесто се безопасни.
Пегички
Тие се често кожни промени кај луѓето со светол тен, кои можеби имаат и малку црвеникава коса или веѓи, сини очи. Не се опасни и не бараат лекување и никогаш не преминуваат во меланом. Со оглед на тоа дека станува збор за пигментни клетки кои реагираат на УВ-зрачење, на кожата ги има повеќе во текот на летото отколку назима.
Лентиго
Во прашање се кафеави дамки налик на пеги кои се јавуваат во пределот на рамото и на горниот дел од грбот. Настануваат ако кожата е оштетено заради често изложување со сонце. Личноста која има многу такви промени, секако, би требало да се побара совет од дерматолог, затоа што заради долго изложување на сонце постои опасност од развој на меланом.
Дисплатична или атипична бенка
На телото може да се јави само една таква бенка, а може да се јават и повеќе. Може да се појават каде било и кај овој тип личноста треба да биде внимателна затоа што настануваат како резултат на изложување на сонце. Може да имаат различна боја и форма, и секој кој ќе ја забележи на кожата задолжително треба да оди на лекар заради контрола. Обично таквите бенки се големи, рамни и со неправилни рабови и пигментации.
При набљудувањето на бенките и промените на нив треба да се запомни едноставното АБЦДЕ правило:
Асиметрија – ако е со нееднаква висина, различни бои, на еден дел поголем или потенок, треба да се побара лекарско мислење
Border (рабови) – ако рабовите не се правилни, туку назабени
Color (Боја) – ако боите на бенката се различни или одеднаш ја сменил бојата
Дијаметар – ако бенката почнала да ги менува пропорциите и ненадејно да се шири
Evolving (развој) – ако бенката почнала да расте или да се менува, време е за посета на дерматолог.


