Последната желба на Марина Туцаковиќ

По борбата со тешката болест, вчера, на 67-годишна возраст почина најпознатиот југословенски, а потоа српки текстописец Марина Туцаковиќ.
Туцаковиќ напиша бројни хитови за најголемите sвезди од музичката сцена на поранешна Југославија. Исто така, таа беше член на жирито во музичките шоуа „Операција триумф“ и „Пинкови sвездички“.
View this post on Instagram
Марина е родена на 4 ноември 1953 година во Белград. Нејзиниот живот го одбележаа бројни среќни моменти, но и големи трагедии, а сите тие ги живееше со поддршката и љубовта од нејзиниот сопруг Александар Фута Радуловиќ.
Радуловиќ за српските медиуми ја потврди веста за нејзината смрт.
View this post on Instagram
– Вистина е. Не ме прашувајте ништо. Ви благодарам за разбирањето, изјавил Радуловиќ.
По некои охрабрувачки вести во последно време, дека нејзината здравствена состојба се подобрува, следеше најтажната – Марина не успеа да се справи со болеста.
View this post on Instagram
Според некои српски медиуми, последната желба на Марина била да биде погребана покрај нејзиниот син Милош на Новите гробишта во Белград, а не во Алејата на заслужните граѓани.
View this post on Instagram
Да потсетиме, пред 13 години, на 1 декември, Марина го загуби синот Милош Радуловиќ. Марина го пронашла Милош мртво во семејната куќа во центарот на Белград, а тој беше погребан три дена подоцна на Новите гробишта. Синот на Марина и Александар Фута Радуловиќ ненадејно почина, а Марина само еднаш зборуваше за нејзиниот најболен ден во животот.
View this post on Instagram
Марина Туцаковиќ ја загуби битката по долгата и тешка болест на 67 -годишна возраст. Најпознатиот српски текстописец ги помина последните денови во КБЦ Драгиша Мишовиќ, каде што беше префрлена откако ѝ се слошило во вторникот, 14 септември, кога била ставена на респирато, а притоа била позитивна на коронавирусот.