Последен обид на Манчестер јунајтед да дојде до потписот со Џејдон Санчо
Борусија Дортмунд не отстапува од своето барање, 120 милиони евра за англискиот репрезентативец.
Манчестер јунајтед имаше цело да го заврши трансферот на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, но не успеа во тоа.
Извршниот потпретседател на „црвените ѓаволи“, Ед Вудворд, се надева дека во последните денови од преодниот рок, кој трае до 5. октомври, конечно ќе го реализира трансферот и тоа под свои услови.
Борусија Дортмунд веќе го извести Вудворд дека сумата која ја бара за Санчо е 120 милиони евра и нема намера да отстапи од таа сума, додека последната понуда на Јунајтед изнесуваше 90 милиони евра.
Згора на тоа, „милионерите“ му дадоа рокдо 10. август на Вудворд да дојде со понуда, но тоа не се случи по што германскиот тим ги започна подготовките за новата сезона во која Санчо ќе биде еден од носителите на играта.
Но, сега Вудворд и Јунајтед се подготвуваат за последна офанзива во која ќе се обидат да дојдат до договор со Борусија. Вудворд е убеден дека германскиот тим ќе се согласи на корекција на сумата бидејќи Џејдон Санчо идното лето ќе влезе во последната година од договорот и цената сигурно ќе му биде помала.
Токму затоа во Манчестер јунајтед подготвија понуда тешка 65 милиони фунти (72 милиони еевра) плус дополнителни лесно остварливи бонуси со кои сумата може да дојде до 90 милиони фунти (100 милиони евра).
Станува збор за реални бонуси како што се број на одиграни натпревари, голови, асистенции, пласман во Лигата на шампионите и слично.