Поскапува дизелот за два денари

Горива бензин дизел
Илустрација: Точење гориво на бензинска станица / Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за два денара за литар, а цените на останатите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 78 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 81,5, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 83,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 77 денари за литар, додека цената на Мазутот М-1 НС останува 41,266 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,301 отсто, кај дизелот за 3,867, кај екстра лесното масло за 1,667 и кај мазутот за 1,424 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период е повисок за 0,075 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот