Посен и нискокалоричен рецепт за совршен намаз, паштета од црвена леќа

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Со нејзиното консумирање ја зголемувате виталноста на бубрезите, работата на срцето и циркулацијата, а освен што содржи многу протеини, црвената леќа содржи и диетални влакна, витамин Б1, фолна киселина и минерали.

Исто така, оваа намирница е многу богата со железо, па затоа се препорачува во исхраната на сите луѓе, особено на вегетаријанците.

Затоа денес ви претставуваме рецепт за вкусен кремаст намаз од црвена леќа, кој е богат со протеини, нискокалоричен и е фантастичен избор за секој што сака да се грижи за исхраната или за оние кои постат.

Се подготвува за 5 минути, а се готви за 15, што значи дека за 20 минути пред себе имате совршена паштета од црвена леќа.

Состојки:

– 300 грама (1 ½ шолја) црвена леќа
– 1 среден кромид
– 1 морков
– 3-4 чешниња лук
– 1 лажица масло или 1 лажичка путер
– морска сол, по вкус
– магдонос за украсување
– 1-2 прстофат куркума

Подготовка:

Во средно тенџере сипете вода, а кога ќе зоврие додајте ја леќата, сечканиот морков, 2/3 од сечканиот кромид и морската сол.

Варете околу 10 минути, па тргнете го од оган.

Додајте го пасираниот лук и оставете да се излади 10 минути.

Отстранете го вишокот вода со помош на цедалка, а потоа сипете ја содржината во сад.

Во блендер изблендирајте ја леќата и другите состојки.

Кога ќе стане кремасто, додајте ја куркумата, путерот или маслото и преостанатата третина од сечканиот кромид.

Добро измешајте со лажица. Украсете со сечкан магдонос и послужете!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот