Португалија не го дава тронот, ја одбрани титулата европски шампион во футсал

Португалија е актуелен светски и европски шампион/ фото: EPA-EFE/Gerrit van Keulen

Футсал репрезентацијата на Португалија ја одбрани титулата Европски шампион. Португалците во финалето на ЕП кое се играше во Холандија ја совладаа Русија со 4:2 иако имаа негатива од два гола.

Русите поведоа со головите на Антон Соколов и Андреј Афанасиев во првите 13 минути. Португалија на една минута пред крајот на првото полувреме намали на 1:2 преку Томаш Пако.

Во второто полувреме, доминантната игра на Португалците беше крунисана со три гола, Андре Коељо беше двоен стрелец (27 и 32 минута), а конечниот резултат го постави Пани Варела во 40 минута.

Со триумфот во финалето, Португалија стана втората репрезентација која успеала да ја одбрани титулата на ЕП, предтходно тоа го стори и Шпанија (2007, 2010 и 2012 година).

Во натпреварот за третото место и бронзениот медал, Шпанија со 4:1 ја совлада Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот