Портланд му верува на Стотс

EPA/STEVE DIPAOLA

Само еден ден откако доживеа елиминација од Голден стејт вориорс во конференциското финале, Портланд треилблејзерс потпиша нов договор со тренерот Тери Стотс. Деталите за новиот договор не се обелоденети.

Портланд сезонава за прв пат по 2000 година, играше во конференциското финале, и иако загубија со 4:0 од „воините“, челниците на екипата одлучија да му понудат нов договор на Стотс. Тој од 2012 година е на клупата на Портланд, а претходно беше тренер и на Милвоки бакс и на Атланта хокс.

Портланд нема тука да застане со наградувањето на кадарот за успешните игри, според медиумите нов договор се очекува да потпише и првата ѕвезда на екипата, Демиен Лилард. Тој се согласил да потпише шестгодишен договор со кој ќе заработи 191 милион долари. Сегашниот договор на бекот на Портланд, истекува за две години за кои треба да добие 62 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот