Пораз на ракометарите и во вториот натпревар против Египет

македонска ракометна репрезентација
Македонија ќе го брка своето осмо учество на Европските првенства/ фото: EPA-EFE/MAURI RATILAINEN

Ракометната репрезентација на Македонија денеска загуби и на вториот пријателски натпревар од Египет кој се играше во Каиро. Овој пат избраниците на селекторот Кирил Лазаров загубија со 31:26.

Ракометарите одиграа добро прво полувреме, негативата од 2:0 на стартот веднаш беше анулирана и во 16 минута избраниците на Лазаров имаа водство од 7:9, а подоцна и 11:13, но во финишот Египет со серија од 5:0 ја одмор замина со 16:13.

Вториот дел започна со два гола на Македонија за минимална негатива од 16:15, но ракомарите на Египет направија серија од 3:0 и поведоа со 19:15 по што ја презедоа контролата и до крајот не ја испуштија предноста за конечен триумф од 31:26.
Филип Талески со девет постигнати голови беше прв стрелец кај Македонија, Кузмановски даде седум, а Велковски пет гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот