Пораз и од Естонија, јуниорите ќе играат за 15 место на Европското првенство дивизија „Б“

фото: kfsm.mk

Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација „Под 18“ загуби и од Естонија со 90:99 во натпреварот за пласман од 13 до 16 позиција на Европското првенство дивизија „Б“ во Португалија.

Противникот успеа да стекне предност по 10 минути игра (26:19), а подоцна истата стана и „двоцифрена“ (35:23). Нашите кошаркарски надежи во следниот период играа подобро во нападот. Намалија на 30:36 по поентирањето на Шошкиќ, во средината на втората четвртина. Серијата од 9:1 ја продолжи Луканоски, за уште пониски 32:36.

По тајм-аутот на Естонија не дозволи пресврт и до крајот на полувремето ја врати својата предност, одново на „двоцифрена“ (51:41). Луканоски беше играчот кој „повлече“ на почетокот на второто полувреме. Стартната негатива (44:57), со нова мини-серија (8:0) ја намаливме на 52:57.

Не помогна новиот тајм-аут на естонскиот селектор, реализиравме уште два поени, за само 54:57 на семафорот. По тројката на Величковски, Македонија дојде до нерешен резултат (61:61), а Величковски беше играчот кој, по подолго време ни донесе и водство, макар и минимално, (64:63). Но, во периодот на одлука Естонија беше репрезентацијата која влезе со предност од 71:67, и успеа да ја задржи и на крајот да победи!

Григориј Јакимовски го одигра својот најдобар натпревар на првенството. Имаше учинок од 30 поени (9/10 во шутот од поле и 11/12 од линијата за слободни фрлања), три асистенции и два скока. На последниот ден од шампионатот во Матошинос, Македонија ќе игра против Украина денеска од 16.30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот