Поранешните сопартијци Апасиев и Јовановиќ се „јадат“ на Фејсбук

По провокациите од лидерот на Левица, Димитар Апасиев, дека партијата без дел од поранешните сопартијци освоила повеќе гласови отколку претходно, се огласи и поранешниот член на партијата, универзитетскиот професор, Бранимир Јовановиќ.

Апасиев пишал разлика во бројки од првата постава на Левица и оваа сега, а Јовановиќ му врати со зборовите: „Заборавил да го пише Мицко. Без него ќе имаа 8.000“, стои во статусот на професорот.

Заборавил да го пише Мицко. Без него ќе имаа 8.000.

Publiée par Branimir Jovanovic sur Jeudi 23 juillet 2020

Во меѓувреме, Управниот суд денеска ги одби и последните 23 тужби од Левица, откако претходно во текот на денот истото го стори и со останатите 78 тужби од ова партија.

Со оваа одлука Управниот суд ги потврди одлуките од Државната изборна комисија и ги одби сите 101 тужба од Левица.

Управниот суд ги одби сите тужби поднесени од Левица

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот